„80+ часа неделно без плата“: Маск нуди работа во неговиот Секретаријат за ефикасност

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Еден од лидерите на новоформираниот Секретаријат за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Илон Маск објави оглас за вработување. Во која тој бара „револуционери со висок коефициент на интелигенција“ кои се подготвени да работат 80 часа неделно без надомест, објави „Гардијан“.

Тој на својата сметка на мрежата Х напиша: „Не ни требаат повеќе генератори на идеи со скратено работно време. Потребни ни се мали владини револуционери со супервисок коефициент на интелигенција, кои се подготвени да работат 80+ часа неделно во рамката на негламурозно намалување на трошоците“.

Додаде дека заинтересираните треба да испратат CV на неговиот профил на мрежата Х, додавајќи дека и неговиот колега ќе разгледа дел од апликациите.

„Навистина, ова ќе биде напорна работа, ќе создадете многу непријатели и нема да имате надомест. Колку добар договор!“, напиша Маск и додаде насмеан емотикон.

Маск претходно најави дека неговата цел е да го намали федералниот бирократски систем за една третина и да заштеди два трилиони долари за американската влада, велејќи дека за таков потфат потребно е да се мине низ „привремени тешкотии“.

Претходно оваа недела, новоизбраниот претседател Доналд Трамп го објави назначувањето на Маск и Рамасвами за лидери на новиот Секретаријат за ефикасност на владата.

Слични содржини