359
На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување на средства за решавање на проблемите со Дојранското и со Преспанското Езеро од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.
-Владата одобри средства во износ од 40.000.000 милиони денари на Општина Дојран, за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен за решавање на проблемот со состојбата на Преспанско Езеро, соопштија од Влада.