80-ти ден од почетокот на протестите, на Шарената револуција. Граѓаните се собраа вообичаено пред СЈО , во знак на поддршка а потоа со транспаренти, пароли, пораки , поминаа и го обоија Министерството за правда,до Собрание, до пред становите на Груевски . Полицијата као и полседниот пат се обидува да направи инцидент, Синоќа отиде и малку подалеку, уапси двајца демонстранти по крајот на протестот, ги однесе во станица па ги пушти. Проба да го земе и комбето, ама него го возеше пратеник па се повлекоа.Еве ја ретроспективата на денот преку фотографии и видео:
Скпоје: Граѓаните се собираат пред СЈО
-Правдата е под сериозна закана. Протестирам!
Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам!
Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам!
Власта сака да преговара тајно. Протестирам!
Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам!
Протестирам со Шарена револуција во понеделник (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО!
Борбата за правда продолжува!
Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните!
Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! – стои во најавата на протестот.
Демонстрантите тргнаа кон Собранието
Шарената револуција повторно го бои Министерството за правда
Демонстрантите на Шарената револуција повторно го бојат Министерството за правда.
Се тргна кон парламентот
Полицијата спремна да го брани Прометеј
Полицијата го запрела комбето на Шарената револуција кое денеска го вози пратеничката Лидија Димова.
Димова и се легитимирала на полицијата, но барањето да го отвори комбето таа тоа го одбила, со образложение дека не е присутен сопственикот на возилото.
Откако забележала дека демонстрнатите на шарента ревоуција се упатиле кон комбето, полицијата се повлекла.
КОга масата протестанти се доближила до комбето полицијата буквално избегала
-Ова е уште еден доказ дека ниту Митко чавков ниту никој не ни може ништо додека сме сплотени – изјави Замир Мехмети активист на Шарената револуција, по денешниот обид на полицијата да го претресе комбето кој беше спречен од демонстрантите.
Демонстрантите пред зградата на Груевски му порачаа „Шутка не ти бега Никола“ и „Излези, народот те бара“
Демонстрантите стигнаа на раскрсницата пред зградата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, каде ги запре кордон на полицијата. Му порачаа „Шутка не ти бега Никола“.
По завршувањето на протестот Приведена е Симона Спировска, активистка на Шарена Револуција
Актерката Симона Спироска, демонстрантка на Шарената револуција и е приведена и однесена во ПС Беко. Активистите на шарената револуција се собраа веднаш пред полицијата во знак на поддршка на Спировска.
Алфи спектакуларно синоќа уапсија двајца активисти на шарената револуција
Двајца активисти на Шарената револуција по завршувањето на протестот беа приведени од полициската единица „Алфа“ на паркингот пред Шпанската амбасада во центарот на Скопје, јавуваат репортерите на СДК.МК. Акцијата беше изведена спектакуларно со десетина припадници на полицијата и неколку возила пред очите на минувачите околу 21.30 часот. Некои од минувачите бурно реагираа на приведувањето. Беше блокирана и крстосницата кај Тифани, објави СДК.
Според неофицијални информации станува збор за актерката Симона Спировска и активистот Павле Богоевски, а истиот извор јави и дека полицијата имала налог да го уапси и активистот Замир Мехмети.
Под притисок на демонстрантите, Актерката Спировска и активистот Богоевски по кратко ослободени со прекршични пријави .
Активистот Павле Богоевски по ослободувањето од полициската ста ница Беко изјави дека полицијата тоа го привела противзаконски.
-Не постои закон според кој полиција смее да не лишува од слобода за закон за јавна чистота – изјави тој.
Актерката Симона Спировска по ослободувањето од изјави дека била приведена поради утврдување идентитет и добила прекршочна заради боење на Министерството за правда.
И колку за крај еве и еден сегмент што е работа на полицијата и Алфите :
Вечерва после протест мој близок инаку вработен во администрација бил застанат од џандари со изговор дека „изгледа сомнително“.
Кога првично одбил да го легитимираат му се собрале 5-6 алфи наоружани до заби и фино му рекле дека имаат право да го легитимираат секого што изгледа сомнително. Ама, најголемата трагедија не е што на голорак граѓанин му се собрале 5 ретарди без два грама мозок и со полна воена опрема. Најголемата трагедија е што од вечерва војниците на режимот имаат и просветителска мисија.
Главниот просветител почнал да го убедува човеков дека штом работи во администрација и си има добра плата, сигурно му е убав животот и нема потреба да протестира, на што овој му вратил дека од корупција и криминал државата ни е во толку големи долгови кои ни нивните правнуци нема да може да ги отплатат. Настапила штама по што просветителот извадил нов контра-аргумент – „дали Заев кога ќе дојде ќе биде подобро“. Човеков му рекол дека и Заев да го прави истото и против него ќе протестира.
По ова просветителот се откажал и рекол дека со 1.000 луѓе не се руши држава.
И сега да резимираме – прва мисионерска мисија во #протестирам – НЕУСПЕШНА. И втор многу битен момент – дали полицијата е само жртва што моли за помош и чека ние што протестираме да ја спасиме?!
Патем, просветителот уредно се легитимирал уште од почетокот и си кажал дека е припадник на 24. единица алфи. Не знаев дека и меѓу нив има ваков мисионерски потенцијал.
Драгана Велковска
фејсбук статус