Во изминатата година, 840 новинари починале од Ковид-19 во 68 земји во светот, објави швајцарската невладина организација „Press Emblem Campaign “(PEC).
Во соопштението се наведува дека ова е најголемата загуба на медиумските работници од крајот на Втората светска војна, пренесува агенцијата Анадолија.
Се посочува дека во изминатата година двајца новинари ја изгубиле борбата против Ковид-19 секој ден, како и дека 840 новинари починале од 1 март 2020 година.
Повеќето новинари починале во земјите од Латинска Америка, каде 458 новинари го загубиле животот за време на пандемијата.
На азискиот континент, 151 новинар ја загубиле борбата против коронавирусот, 147 во Европа, 45 во Северна Америка и 39 во Африка.
Наведено е дека 108 новинари починале во Перу, 102 во Бразил, 87 во Мексико, 56 во Индија, 46 во Италија и 21 во Турција.
„PEC“ предупреди дека многу смртни случаи на новинари не биле регистрирани затоа што не биле тестирани.