19
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 09 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 септември – Денот на независноста на Републиката е во недела.
Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го честита Денот на независноста.