90 сообраќајни прекршоци во Скопје, 10 за возење без возачка дозвола

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, сопштуваат од МВР.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14, 8 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 10 за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен семафор (црвено светло).

Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, 36 мерки за непрописно паркирање.