Организаторите на мисата на која се појавил и Канје Вест се најдоа на мета на критики поради доручекот кој им го послужиле на посетителите.
Канје настапил на мисата на отворањето на црква во Луизијана. Илјадници верници дошле на мисата која иако била бесплатна, доручекот се плаќал. Таканаречениот „Бранчела“, по фестивалот Кочела, чинел 55 долари, а изгледал многу лошо.
#Brunchella with Kanye looking VERY #FyreFestival-ish 🤦🏾♂️🤦🏾♀️https://t.co/cUv5MV2ahz
— Nicki Mayo (@nickimayonews) November 2, 2019
Некои од луѓето барале поврат на средствата, а социјалните мрежи се преполниле со жалби за храната која гостите ја добиле
Но храната не била единствениот проблем. Гостите се пожалиле и на изгледот на ВИП зоната. На целата организација не помогнал ни фактот дека настапот на Канје доцнел со часови.