Една невеста од САД доживела сценарио како од мексиканска сапуница на својата венчавка, пренесува UNILAD.
Имено, додека уживала во нејзиниот пијалок и опуштена забава со своите деверуши вечерта пред сопствената венчавка, ѝ заѕвонел телефонот. Очекувала уште една честитка, но кога го погледнала телефонот, ја дочекала порака на која ниту една невеста не се надева.
Од непознат број ѝ пристигнале пораки кои сведочеле за допишувањето меѓу нејзиниот свршеник и непозната женска личност.
„Дали за него би се омажила? Сакаш ли?“, гласела една од пораките.
Како што се покажало, се работело за љубовницата на свршеникот, која на идната сопруга ѝ ги пратила доказите од пораките од кои јасно се гледало дека нивната афера трае со месеци.
„Овој викенд, ти и јас. Подготви се. Биди во најдобра форма“, „Твоето тело е неверојатно. Како знаеш да го користиш! Ех, мојата девојка да е пола вешта како и“, биле само некои од пораките кои младоженецот и ги пратил на љубовницата и тоа само неколку дена пред венчавката.
Невестата не можела да поверува како порано не сфатила. Нејзината пријателки ја молеле да ја откаже венчавката, но бидејќи не била во состојба трезвено да размислува, одлучила да донесе одлука откако ќе отспие.
Таа одлучила да продолжи со венчавката, но место заветите, да ги прочита пораките кои ги добила од љубовницата на својот свршеник и така да го разоткрие пред смејството и пријателите.
Кога стигнала до олтарот, се свртила кон гостите и ги известила дека венчавката нема да се одржи бидејќи нејзиниот иден сопруг не е личност каква што се преставува.
Семејството и пријателите биле затекнало. Младоженецот се обидел да ја спречи, но таа започнала да ги чита пораките кои ги добила од неговата љубовница. Младоженецот пребледел и истрчал од црквата.
„Сите ве сакам и колку и да е ова страшно, драго ми е што денеска сте тука. Нема да имаме венчавка, но ќе ја славиме вистината, пронаоѓање на вистинската љубов и верување со целото свое срце и покрај болката“, им рекла на гостите.