Најмладите милијардери: Пливаат во пари, се тетовираат, возат брзи коли и кршат правила

840 прегледи

Овие петмина млади луѓе веќе успеале да станат милијардери. Нивните фирми вработуваат и повеќе од 50 илјади луѓе,а колку пари имаат и самите не знаат. И додека некои со сопствени раце си направиле царство, некои се родиле со златна лажичка и наследиле вистинско богатство.

Кајли Џенер

https://www.instagram.com/p/B6wAhFanYIJ/

Најпознатата на оваа листа е дефинитивно најмладата сестра на Кардашијан-Џенер. Нејзиното богатство се проценува на милијарда долари, а поголемите пари ги заработила благодарение на фирмата за козметика. Интересен е фактот дека на само 22 години стана најмладата милијардерка на светот.

Густав Магнар Витзо

https://www.instagram.com/p/B6nySBNlGsj/

Иако има само 26 години, „тежок“ е вртоглави три милијарди долари. Неговиот татко, исто така Густав, е сопственик на компанијата SalMar која се занимава со одгледување и продажба на лососи. Рибите ги извезуваат по целиот свет, а најголеми пазари им се Америка, Канада, Русија, Норвешка, Јапонија. Но, парите не го поштедиле од затвор. Имено, пред неколку години возел со 120km/h на улица каде е дозволено 60. За тоа отслужил казна од две недели.

Александра и Катарина Андерсен

https://www.instagram.com/p/BgD-6Pah7Y-/

Сестрите Андерсен наследиле 1,4 милијарди долари. Семејството остварило богатство во тутунската индустрија. Александра се занимава со јавање и најмногу време поминува со коњите во Норвешка. Досега има победено на повеќе натпревари. И додека Александра и нејзината сестра уживаат во богатството, Дејли мејл открива дека семејството се збогатило од плантажи со тутун во Малавија и Зимбабве каде работат и деца од 10 години. Портпаролот на компанијата рекол дека тие не можат да направат ништо.

Џон Колисон

https://www.instagram.com/p/Bb0EqCcjdqI/

За разлика од сестрите Андерсен кои го наследиле богатството, Џон со својот брат пред десет години основале фирма за интернет плаќање. Денес браќата од Ирска „тежат“ околу 2.1 милијарда долари, а пријателите ги опишуваат како добри и едностави момци кои парите не ги смениле.

Ана Каспрзак

https://www.instagram.com/p/B5infj3nuU7/

Ана е една од наследничките на компанијата ECCO чии производи се продаваат во 90 држави во светот. Во својата Данска, освен по парите, позната е и како одлична јавачка. Се натпреварувала и на Олимписките игри во Рио каде завршила на 14 место. Компанијата ECCO на почетокот се занимавале со продажба на патики, а подоцна го прошириле својот бизнис.

Слични содржини