Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го честиташе Денот на македонската полиција, со посебна благодарност до сите оние кои во првите редови се справуваат со пандемијата предизвикана од коронавирусот.
-Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот.Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега.Нека е честит Денот на македонската полицијa, напиша Чулев на официјалниот фејсбук профил.
Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се…
Публикувахте от Наќе Чулев в Четвъртък, 7 май 2020 г.