Филипче: За да бидат сигурни децата, ќе се прави скрининг на вработените во градинки

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека има скок на новодијагностицирани пациенти.

Со скринингот ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица, припадници на полицијата, возачи во ЈСП, вработени во јавни служби, како и пациенти пред хоспитализација.

Според Филипче, денеска има скок на новодијагностицирани и бројот ќе се следи во наредните денови за да се види дали се работи за случајност или тоа ќе биде тренд. Сега,, како што рече, не може да се носи заклучок од еден ден. Во меѓувреме, тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките кои уште се на сила.

-Со скринингот ќе бидат опфатени вработените во градинката за да бидеме сигурни дека нема никој кој е асимптоматски носител, за да бидат сигурни децата, рече Филипче.

 

 

Слични содржини