Филипче: Засега немаме став за употреба на имунолошките пасоши

од Берта Китинска
295 прегледи

Во врска со употребата на имунолошкиот пасош, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека засега нема став.

-Имунолошкиот пасош е актуелна тема, секоја земја сака да се заштити, но сепак нема консензус, се уште е на ниво на размислување на поединечни земји. Има неколку дилеми за тоа кој ќе биде протоколот кој ќе се смета за валиден, за колку денови ќе се важи тестот како потврда. Некаква голема вредност како сигурност нема да има, ние сме отоврени за опцијата да се употребува доколку биде тој прифатен и од другите земји, но засега немаме став, изјави Филипче.

Слични содржини