Филипче за собирот во Струга: Секое неодговорно групно или поединечно однесување може да не врати на почетокот на мерките

од Берта Китинска
363 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најостор го осуди собирот во Струга.


-Она што се случи во Струга е целосно непочитување на здравствените работници кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата.Утрово разговарав со реизот на исламската верска заедница и поглаварот на Македонскта православна црква и на двајцата им посочив и побарав да се воздржат и да не се организираат собири. Строго да се почитуваат мерките. По денешната информација дека ИВЗ ќе ги отвори верските објекти џамиите, на 12 мај, апелирам да не се организираат вакви собири. Секое неодговорно групно или поединечно однесување може да не врати на почетокот на мерките. Апелирам граѓаните да се воздржат од било какви собири и да се почитуваат мерките, изјави Филипче.

Слични содржини