Неверојатни сцени од швајцарскиот рај: Илјадници осиромашени граѓани во ред за бесплатна храна

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Повеќе од илјада луѓе во саботата чекаа во Женева бесплатна храна, живописно покажувајќи го влијанието на пандемијата на коронавирус врз сиромашната работничка класа и имигранти без документи, дури и во богатата Швајцарија.

Ред пред лизгалиштето каде волонтерите делеа околу 1.500 пакувања со храна беше долга повеќе од еден километар, а луѓето почнаа да се собираат уште во пет наутро.

„На крајот на месецот џебовите ми се празни. Мораме да ги платиме сметките, осигурувањето, сè“, рече Ингрид Берала, жителка на Женева од Никарагва, која работи со скратено работно време.

„Ова е одлично затоа што има храна за една недела, една недела ќе биде полесна … Не знам што ќе правам следната недела“, додаде таа.

Швајцарија има население од скоро 8,6 милиони, а 660.000 беа сиромашни според податоците за 2018 година, објави „Каритас“, особено самохрани родители и слабо образовани кои не можат да најдат работа.

Повеќе од 1,1 милиони луѓе се изложени на ризик од сиромаштија, што значи дека нивните приходи се помалку од 60 проценти од просекот, што во 2018 година изнесува 6.538 швајцарски франци за работа со полно работно време.