
Полицијата во Лондон растури мал протест против мерките изречени поради коронавирусот и уапси повеќе луѓе и изрече казни, јавуваат британските медиуми.
Полицијата растури група од околу 50 луѓе кои се собраа во близина на палатата Вестминстер.
https://www.youtube.com/watch?v=_S4A-EWGlWw
Некои демонстранти протестираа против мерките воведени заради коронавирусот, додека други протестираа и против мрежата 5G.
Полицијата соопшти дека полицајците реагирале откако демонстрантите во близина на мостот Вестминстер ги прекршиле наметнатите правила заради коронавирусот.