Стапката на репродукција на коронавирус во Германија се зголеми

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Стапката на репродукција на коронавирус во Германија се искачи над критичната, што значи дека сега секој пациент инфицира во просек повеќе од едно лице, објави во саботата Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).

Најновите проценки на т.н. репродукциски број (Р) е на 1,10, објави РКИ. Постојано се предупредува дека за да се потисне епидемијата, потребно е Р да биде под 1.

Ваквиот развој се случил по укинување на неколку ограничувања и неколку дена охрабрувачки вести за помало ширење на вирусот.

Во средата, РКИ соопшти дека стапката на репродукција на коронавирус е 0,65, но од тогаш стабилно расте.

„Поради зголемувањето на проценетата вредност на Р, неопходно е да се следи развојот многу внимателно во следните неколку дена“, се вели во соопштението на РКИ.

Германија досега потврди нешто над 170.000 заразени до КОВИД-19 и 7.500 смртни случаи.