Во Германија, бројот на заразени со коронавирус се искачи на 169.575 во последните 24 часа, откако биле регистрирани 357 нови случаи.

Официјалните податоци покажуваат дека 7.417 лица починале од ефектите на Ковид-19 во оваа земја од почетокот на епидемијата, 22 од нив во текот на претходниот ден.
Овие податоци укажуваат дека бројот на заразени лица во Германија е намален во однос на претходниот период, кога оваа земја се соочи со влошување на епидемиолошката состојба по ублажувањето на мерките.
Сè уште не е познато зошто се намалил бројот на заразени лица.
Познато е дека во Германија имало одложувања во известувањето за нови случаи во текот на викендот, па ќе бидат потребни неколку дена за поцелосна слика, пренесе Би-Би-Си.