Познати мотивите за масакрот во Лесковац: Со секира си ги убил таткото, маќеата и двете сестри

од Nikola Popovski
213 прегледи

Милош И. (20), е осомничен за четирикратното убиство во Лесковац, а според последните информации од истрагата, тој најверојатно е психички болен и нема криминално досие.

Да потсетиме дека, Милош ги убил со секира својот татко Предраг (45), неговата сестра Ана (19), која била бремена, вон-брачната сопруга на Предраг Данијела Р. (43) и нејзината малолетна ќерка Сара (12).

Милош го признал злосторството на сослушувањето. а бил слабо комуникативен заради неговата ментална состојба.

Резултатите од досегашната истрага посочуваат дека мотивот за делото е омраза кон маќеата и нејзината ќерка, како и менталното заболување на осомничениот.

На местото на настанот, во куќата пронајдени се секирата, панталоните и маицата на осомничениот со траги од крв.