
Бројот на загинати од коронавирус во Франција денес се зголеми за 263.
Тоа е значително повеќе во однос на 70, колку што беа регистрирани претходниот ден, објави француското Министерство за здравство.
Зголемувањето за еден процент е најголем во изминатите пет дена, но бројките во понеделник имаат тенденција да растат по викендот, објави Ројтерс.
Вкупниот број загинати сега изнесува 26.643, соопшти Министерството, најголем број смртни случаи по САД, Велика Британија, Италија и Шпанија.
Денес во единиците за интензивна нега има 2.712 лица, што е помалку од вчерашниот број кога имало 2.776, и е во согласност со долгорочниот пад.