
Германската влада става на располагање 750 милиони евра за да го забрза производството и развојот на вакцината против новиот коронавирус.
Федералниот германски министер за образование и развој, Ања Карличек изјави денеска дека околу 500 милиони евра ќе одат на научни студии и тестирање на вакцините, додека 250 милиони евра ќе одат за проширување на производните капацитети во Германија.
Бројни универзитети и компании ширум светот, вклучително и Германија, брзаат да развијат вакцина против вирусот што ја предизвика пандемијата, пренесе „АП“.
Во Германија, повеќе од 170.000 луѓе се заразени со вирусот, а најмалку 7.484 лица починаа од почетокот на епидемијата.