Oд кабинетот на техничкиот министер, Наќе Чулев, по објавата дека тој набавил два уреди марка „Ајфон“ чија вредност е 170 илјади денари, демантираат дека истите биле платени со пари, пренесува A1он.
Во однос на начинот на кој се платени телефоните, од Кабинетот на Чулев потенцираат дека министерот користел субвенција на министерството, кое пак, има договор со „Македонски Телеком“.
„Станува збор за спроведена јавна набавка како резултат на договор кој Министерството за внатрешни работи го има склучено со ‘Македонски телеком’ во време на тогашниот министер Оливер Спасовски, а кој произлегува од правилникот за користење на службени мобилни телефони и на службени претплатнички идентфикациони модули во МВР кој исто така е потпишан од страна на тогашниот министер Оливер Спасовски. Според тој договор конкретната тарифа, предвидена во правилникот во износ од 2740 денари претплата за позицијата „министер за внатрешни работи“ дозволува субвенциониран телефон задолжен на лично име на корисникот на телефонот во случајов министерот и Чулев негира дека МВР ги платило двата„Ајфона“, уредите биле набавени со субвенција, велат од кабинетот.