Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека е зголемен бројот на деца во Македонија кои се заболени од коронавирус.
Графикон од 09.05.2020
Согласно информациите вкупниот број на заболени деца од 0 до 19 години, заклучно со податоците објавени вчера, а кои се однесуваат на 10 мај, е 134 случаи.
Од Институтот, за 9 мај информираат дека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 55 и 68 случаи или вкупно 123 случаи.
Статистиката за 10 мај, податоци кои се објавени вчера, вели дека регистрирани се вкупно 134 случаи на коронавирус кај деца од 0-19 години или поединечно 62 случаи (0-9 годишна возраст) и 72 случаи (10-19 години), односно 11 случаи повеќе во споредба со претходниот ден.
Графикон од 10.05.2020
Венко Филипче во своето утринско обраќање во емисијата „ Утрински брифинг“ зборуваше за корона кризата со која се соочува државата и призна дека бројот на пациенти заболени од овој вирус почнува да се зголемува.
„Имаме многу различни сценарија кои за многу кратко време ја сузбија епидемијата, за кратко време се намали бројот на пациенти, но сега повторно се враќаат, истакна Филипче.
Во исти овој период во кој Филипче признава дека бројот на заболени од корона вирусот се зголемува, лидерот на СДСМ Зоран Заев сака да се одржат парламентарни избори час поскоро односно кон средината на јуни.