Скопјанец прво го истепал својот татко, а потоа скокнал од прозор во полициска станица

од Берта Китинска
283 прегледи

Вчера во 20:15 часот во СВР Скопје, Ж.Ф. од Скопје пријавила дека нејзиниот брат, 31-годишниот Д.Ф. физички го нападнал нивниот татко, 62-годишниот И.Ф.. Д.Ф. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар.

Во просторијата во која бил сместен скокнал и успеал да скрши прозорско стакло, при што се самоповредил. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.