224
Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која истекува на 16-ти мај.
Уставните судии не поведоа постапка за оценка на уставноста и законитоста ниту за првата вонредна состојба, која ја прогласи шефот на државата.
На дневен ред на седницата закажана за во четврток, на 14 мај, уставните судии ќе ги разгледаат иницијативите во врска со полицискиот час, односно за забраната за движење во одреден периодот од денот, како мерка за заштита од коронавирусот.