Сервер: Историските прашања нема да го подобрат животот на граѓаните во Бугарија и С.Македонија

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Да оставиме на историчарите да решаваат за тоа дали некои личности од 19 век се чувствувале Бугари или нешто друго, но се прашувам каква врска има тоа со подобрување на животот на граѓаните на Бугарија и на С.Македонија, истакна Даниел Сервер, експерт за Балканот од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Сервер е професор по напредни меѓународни студии во реномиранот вашингтонски универзитет.

На прашање од МИА дали ЕУ и Вашингтон треба да дозволат позицијата на Софија за јазикот и историјата да стане услов за влез на Северна Македонија во ЕУ, Сервер одговори дека само несигурните луѓе водат грижи за својот идентитет.

-Само луѓето несигурни во својот идентитет водат грижа за идентитетот, изјави Сервер за МИА.

Слични содржини