Франција: Зголемување на бројот на смртни случаи и заразени

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Франција се зголеми за 348 на 26.991, соопшти француското Министерство за здравство.

Бројот на заразени лица се зголеми за 708 на 140.227, што е поголемо зголемување во однос на вчерашните 456.

Вчера, Франција започна да ги олеснува мерките воведени со цел да се потисне ширењето на вирусот, а администрацијата на претседателот Емануел Макрон истакна дека ќе ги засили забраните повторно доколку биде потребно.

Во обраќањето пред пратениците, официјалниот претставник Жан Кастас рече дека првите 36 часа од олеснување на блокадата минале како што било планирано и дека најголемиот предизвик е одржување на социјалната дистанца.

– Мора да ја разгледаме можноста за враќање на блокадата, доколку се влошат одредени индикатори, ќе ги воведеме мерките, евентуално на регионална основа – посочи Каста.

Француските власти синоќа забранија конзумирање алкохол по популарната област Канал Сан Мартен на истокот на Париз, затоа што групи млади луѓе биле во близок контакт едни со други, што не е во согласност со правилата.