Црна Гора: Блокада на патиштата поради апсењето на српските свештени лица (видео)

од Nikola Popovski
158 прегледи

Голем број граѓани на општина Андријевица во Црна Гора од 11 часот го блокирале магистралниот пат Беране – Андријевица – Плав.

Според нив дека тие се решиле на тој потег како знак на протест против апсењето на владиката Јоаникие.

Блокадата е направена со автомобили на влезот во Андријевица, кај поранешната фабрика „Соко Старк“, јавува црногорски „Вијести“.

Да потсетиме дека црногорската полиција синоќа ги приведе епископот на Српската православна црква (СПЦ) Јоаникие и уште седуммина свештеници за организирање литија во Никшиќ, со што ја прекршиле владината забрана за организирање масовни собири поради епидемијата на коронавирусот.

Обвинителството на Никшиќ утрово им изрече 72-часовен притвор.