
Согласно наодите од најновото истражување, вонземскиот живот би можел да се развие во многу повеќе видови отколку што претходно мислевме.
Научниците открија дека микроорганизмите можат да преживеат и растат во атмосфера составена целосно од водород. Ова укажува на тоа дека истиот механизам би можел да се случи на друго место во вселената, односно дека вонземски суштества би можеле да постојат на места со слична атмосфера, пишува The Independent.
На многу светлосни години оддалеченост од Земјата има егзопланети што се многу поголеми од нашата и имаат голема количина водород во нивната атмосфера. Откривањето на ваквите планети не им значеше многу на оние експерти кои бараа вонземски живот затоа што тие веруваа дека животот е тешко да се развие на светови со големи количини на водород.
Сега научниците пронашле докази за спротивното. Во околини слични на водород, тие ја проучувале бактеријата E.coli и квасец, две фундаментално различни форми на живот. Со тоа, тие сакале да видат како околината полна со водород на другите планети ќе влијае на развојот на вакви основни организми.
Егзопланетарниот астроном Сара Сегер од МИТ и нејзините колеги ги ставиле квасецот и E.coli во мали шишиња со малку прехранбено покритие. Потоа, тие извлекоа воздух од шест шишиња и го заменија со чист водороден гас, чист хелиум или мешавина која се состои од 80% азот и 20% јаглерод диоксид. Во другите шишиња тие оставија воздух од нашата планета.
Откриле дека и бактериите и квасецот можат да се размножуваат полека, но во совршено нормално ниво, во атмосфера составена целосно од водород. На пример, Е.coli пораснала двојно побавно отколку што расте во нашата атмосфера, веројатно поради недостаток на кислород.
Научниците се надеваат дека еден ден ќе можеме да забележиме такви организми, доколку постојат, на Земјата. Имено, тие обично произведуваат голема количина гасови, што може да се види и од другите делови на универзумот по некое време.
За време на експериментот, E. coli произвела неколку гасови кои веќе се сметаат за потенцијални биолошки знаци на можен живот, доколку се сретнат во атмосферата на други планети, пишува Science News.
„E. coli е многу едноставен организам, но создава неверојатен спектар на гасови“, рече астробиологот Џада Арни од НАСА.
„Да се знае тоа кои гасови можат да произведат живи организми е неопходен чекор за проверка на биолошките сигнали на егзопланетите“, додаде таа.
Наодите од студијата исто така потврдија дека микробите можат да живеат во атмосфера составена од хелиум или мешавина од азот и јаглерод диоксид, но таквите атмосфери се потенки и потешки за откривање на егзопланетите.
Студијата наречена „Laboratory studies on the viability of life in H2-dominated exoplanet atmospheres“, беше објавена во списанието „Nature Astronomy“.