Плажите во Грција се отвораат оваа сабота: Кои се новите услови на работење?

од Nikola Popovski
145 прегледи

Во Грција, плажите ќе се отворат престојниот викенд поради високите температури над 35 степени што се очекуваат во наредните денови.

Одлуката на комисијата за заразни болести се сметаше за излишна после гужвите што се случија претходниот викенд на „дивите плажи“ кои биле достапни за граѓаните.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопшти дека во иднина задолжително ќе биде евидентиран бројот на посетители на плажите.

Затоа, сите организирани плажи во Грција (515 кои добија дозвола) ќе работат од сабота во 8 часот под следниве услови:

Максималниот број на посетители е 40 на 1.000 метри квадратни, а минималната оддалеченост од еден до друг чадор е 4 метри, а под еден чадор може да има најмногу две лежалки на 1 метар оддалеченост.

Под 1 чадор може да има само 2 лежалки, со исклучок на семејства со мали деца.

Откако ќе замине секој гостин, лежалките ќе бидат дезинфицирани од персоналот, кој постојано мора да носи санитарни маски.

Рестораните и баровите на плажите нема да служат храна на масите, кои треба да ги отстранат, како и столчињата, но ќе продават и пакуваат храна, а гостите ќе можат да ја подигнат, чекајќи во согласност со растојание од најмалку еден метар и пол.

Забранети се алкохолни пијалоци, испорачување оброци со курирска услуга, собирање луѓе во групи и спортување „за кои е потребен физички контакт“.

Плажите примаат гости само од 08,00 часот наутро, со што се елиминира раното утринско пливање.

Грчките власти им соопштиле на пливачите дека песокот, морската вода и воздухот не се проблем, а операторите на плажите предупредуваат дека тоалетите на кабините за туширање мора да бидат чисти и дезинфицирани.

Патувањата на островите на Грција се ограничени. Владата размислува да дозволи патување до островите кои се најблиски до Атина, најверојатно од 18 мај.