264
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека ќе побара да се прдоложи вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои се препорачуваат може да се спроведат додека трае вонредната состојба.
-Комисијата за заштита од заразни болести, преку министерот за здравство, на утрешниот состанок на Сoветот за безбедност кај претседаталот Пендаровски, ќе побара продолжување на вонредната состојба. Има повеќе причини, меѓу кои задржување на механизмите за спроведување на препораките за заштита од ширењето на епидемијата и во периодот што следи, рече Филипче.