Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека на барање на преседателот Стево Пендаровски, Комисијата за заразни болести изработи протоколи кои ќе важат за сите граѓани и партии на денот на гласањето.
Протоколот регулира мерки на начинот на спроведување на изборната кампања, движењето и организација на собирите, и здравствениот протокол за време на гласањето.
„Тој е поделен во четири дела, и истиот ќе биде доставен до претседателот на Владата Оливер Спасовски и до претседателот на државата Стево Пендаровски“, посочи Филипче.
Одржување на сите активности на партиите, треба да се одвиваат исклучително почитувајќи ја физичката дистанца, и тоа останува да важи целиот период, маска или прекривка на устата и носат на сите активности. На затворено овие мерки се задолжителни, додека на отворено кога не може да се одржи дистанца. Исто така ќе мора дезинфекција и миење на рацете.
При одржување на собири и настани, односно митинзи, ќе мора да се почитуваат сите горенаведени мерки. Собирите е препорачано да бидат на отворено, но доколку тоа не е можно, во затворено важат сите мерки за заштита. И за поголеми и за помали собири да се користат разгласни уреди за да се избегне концентрација на повеќе луѓе на едно место.
Кампањата врата до врата ќе се одвива со физичка дистанца. Нема посети на домаќинствата, туку исклучително пред врата, со заштитна опрема или во дворовите.
Собирот не треба да биде подолг од два часа.
Пред мобилните пунктови за делење на изборен материјал, да нема собирање на граѓани, и да нема на пунктот повеќе од двајца активисти задолжително со заштитна опрема.
Партискиот превоз се спроведува со 50% капацитет. Сите патници во автобусите да имаат опрема, а превозниците задолжително вршат дезинфекција на автобусите по симнувањето на патниците.
Во однос на денот на изборите мора сите акредитирани да носат заштитина опрема и да бидат отворени просториите. Гласачите чекаат во ред во дистанца од два метри, при самото влегување ќе има дезинфекција, кратко ја симнуваат маската за идентификација, и по гласањето исто така ги дезинфицираат рацете.
Во просторијата нема никогаш повеќе гласачи од боксови за гласање.
Филипче напомена дека ќе се препорача зголемување на времетраењето на гласањето за два часа, но не појасни дали ќе почнува порано, или ќе завршува подоцна или комбинација од двете.