Во тек е изградбта на капиталниот проект за поврзувањето на Аеродром со Ќерамидница со изградбата на булеварот АСНОМ и изградбата на мост на реката Вардар. Со реализација на овој проект ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.
-Бидејќи расчистивме со тревата , одиме на новиот мост во нашиот град.Мост на Вардар. 2-ра фаза на бул. АСНОМ. Од Аеродром кон Ќерамидница.Скопје, една поинаква приказна …, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Новиот булевар ќе биде осветлен со енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување, а ќе бидат поставени и нови сливници, кои ќе бидат поврзани со постојната атмосферска канализација.
https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3248894842001758