Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни, информираат од Министерството за здравство
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.