Тетовчанец се повредил на работно место и починал

од Берта Китинска
259 прегледи

На 15.05.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје. По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа. Од страна на лекар била констатирана смрт, се вели во соопштение од полицијата.

Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.