394
Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи во понеделник со почеток во 12:00 часот, потврдија за Алсат од претседателскиот кабинет.
Како што се очекува, на средбата партиските лидери ќе се обидат да постигнат консензус околу терминот за одржување на параментарните избори.
Засега политичките партии во земјава не отстапуваат од своите позиции кога станува збор за терминот на изборите.