
Довербата на Германците во политичките институции и функционерите, особено канцеларката Ангела Меркел, значително се зголеми за време на кризата со коронавирус.
Ова го покажа последното истражување во Германија. Од друга страна, поддршката на Германците ја загубија опозициските партии, но и Европската унија.
Според истражувањето на групата „Форца“ објавено во трендотрометарот на „РТЛ“, 76% од испитаниците имаат голема или многу висока доверба во функцијата претседател, што во моментов ја извршува Френк-Валтер Штајнмаер.
Довербата во германската канцеларка Ангела Меркел скокна за 22 процентни поени во однос на почетокот на годината и сега изнесува 72 проценти. 60% од граѓаните имаат доверба во германската влада, што е и скок од 26 процентни поени, пренесува „Велт“.
Поддршката на граѓаните во кризните месеци ја добија пред сè политичките институции. Повеќе од половина од испитаниците им веруваат на градоначалниците, како и на провинциите.
Само Европската унија ја изгуби довербата. Само 37% од испитаниците и дадоа поддршка.
Додека владејачките партии ЦДУ / ЦСУ и СПД бележат скок на довербата, опозицијата изгуби за време на кризата. Зелените изгубија седум процентни поени од јануари, додека Либералите и Алтернативата за Германија изгубија по три.