196
Министерството за здравство ја информира дека од вкупно 247 здравствени работници заразени со КОВИД-19, од нив, 226 се оздравени. Односно, 91% од здравствените работници позитивни на коронавирус се оздравени.
Им оддаваме чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакуваме брзо закрепнување, порачуваат од Министерство за здравство и апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките во целост.