Советникот за здравство на кинеската влада Зонг Наншан за Си-Ен-Ен изјави дека опасноста од вториот бран на инфекција со коронавирус е сè уште голема.

„Повеќето Кинези во моментот се уште се подложни на можна инфекција од „Ковид-19“ заради недостаток на имунитет. Пред нас е голем предизвик. Мислам дека ситуацијата во моментов не е ништо подобра отколку во странските земји“, предупреди Зонг.
Тој исто така рече дека локалните власти во Вухан, градот од каде започна пандемијата, прикриле клучни детали за степенот на првичната инфекција.
Зонг изјави дека го посетил Вухан на 18 јануари и дека лекарите и поранешните студенти му кажувале во тоа време дека ситуацијата е полоша отколку што се прикажува.
Тој се посомневал дека надлежните во Вухан не ја кажуваат вистината затоа што официјалниот број нови пациенти во тој град беше 41 дури десет дена по ред.
„Не верував во тие бројки и ги замолив да дадат вистински броеви“, рече Нашан.
Иако признава дека Вухан првично ги прикривал вистинските бројки, Нашан отфрла дека прикривањето продолжило дури и откако централните кинески власти ги презеле работите во свои раце.
„Од 23 јануари, сите податоци се веродостојни“, рече тој.
Зонг се осврна и на тврдењата дека вирусот е создаден во лабораторија.
Тој рече дека повеќе пати го прашувал Ши Зенгли, водечки виролог во Институтот за вирологија Вухан, кој му рекол дека со опремата што ја имаат моментално и достапните експерти, не можат да создадат вирус.