139
Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил соопшти дека Владата предвидува награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници.
Тука, посочува Филипче, се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и сите членови на тимовите од итна медицинска помош.
– Благодарност за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19, пишува Филипче.