Во Велика Британија близу 43,000 мртви, најлошо е во домовите за стари лица

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Велика Британија достигна 43.000, што значи дека се работи за најпогодената европска земја од пандемијата на коронавирус.

Новите бројки за Англија и Велс велат дека најмалку 42.990 луѓе починале во Велика Британија досега, наведува Ројтерс, вклучувајќи претходно објавени бројки за Шкотска и Северна Ирска, како и смртни случаи во болници во Англија.

Податоците од Државното биро за статистика велат дека е критично во домовите за стари лица, а се проценува дека повеќе од 10,000 луѓе починале од почетокот на мај.

Ројтерс наведува дека Велика Британија е многу веројатно најпогодена од коронавирусот иако е тешко да се споредат бројките со другите европски земји затоа што сите не се сметаат и собираат на ист начин.

Оваа состојба ја доведува во прашање и работата на премиерот Борис Џонсон, односно начинот на кој тој ја води земјата во оваа глобална здравствена криза. Опозицијата го обвинува дека британската реакција за воведување карантин била премногу бавна, а истото го тврдат и за пристап до масовното тестирање.