
Неколку членови на владејачката партија на Емануел Макрон, се преселуваат во нова парламентарна група во долниот дом на францускиот парламент, оставајќи го претседателот без апсолутно мнозинство.
Седум пратеници ја напуштаат Република во движење (ЛРЕМ) на Макрон и се приклучуваат кон новата политичка група Екологија, демократија, солидарност (ЕДС), во која моментно има 17 пратеници.
Новата група во документот наведува дека нејзината амбиција е „социјална и еколошка промена“ на општеството.
– Одговор на итна состојба на животната средина, модернизација на демократијата, намалувањето на социјалната и територијалната нееднаквост се меѓу приоритетите на групата, стои во соопштението и додава дека „ништо не е исто по епидемијата од коронавирус“.