„Претседателот Твити“

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Демократскиот кандидат во трката за американски претседател, Џо Бајден го откри прекарот за неговиот главен ривал, велејќи дека Доналд Трамп е „Претседател Твити“.

Ова се должи на начинот на кој се изговара двојната алузија – во името на малата жолта птица од цртаниот филм и честото твитање на Трамп на Твитер, јавуваат денеска американските медиуми.

Само една недела откако јавно тврдеше дека нема да му дава прекари на претседателот, Бајден откри дека Трамп го нарекува „Претседателот Твити“.

Трамп утрово повторно твитна нешто, а јас го нарекувам „Претседател Твити“, изјави поранешниот потпретседател на САД, нагласувајќи дека Трамп мора да се фокусира на проблемите наместо да губи време на Твитер, и да го забрза ослободувањето на средства од новиот пакет, наменет за опоравување на земјата од пандемијата.

Бајден рече дека на земјата и е потребен сериозен лидер повеќе од кога било и дека земјата мора да се отвори и дека тоа не е можно додека Трамп седи на парите на бизнисмените и твита.

Трамп, кој е честа мета на социјалните платформи, го нарекува Бајден „Заспаниот Џо“, со цел да посочи дека нема кондиција и енергија за позицијата за која се кандидира.

Претседателот на САД сè уште не го коментирал прекарот што му го дал Бајден, но медиумите проценуваат дека тој веќе е господар на давање прекари.