
Претседателот на Соединетите држави на САД, Доналд Трамп, одржа уште една прес-конференција на која изненади со коментар за вкупниот број случаи во земјата.
САД се веројатно први во светот во однос на бројот на случаи со повеќе од 1,5 милиони заразени, а повеќе од 93.000 луѓе починале.
„Кога велите дека сме први по случаи, тоа значи само дека тестираме повеќе од сите други. Плус, ние сме многу поголема земја од повеќето други, така што многу случаи се добра работа затоа што тоа значи дека добро тестираме. Јас го гледам како медал на честа. Тоа оди во чест на работата што ја прават нашите професионалци“, рече Трамп.