Истражување: Мајмуните можат да развијат имунитет на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Две студии спроведени на мајмуни чии резултати беа објавени во средата, нудат некои од првите научни докази дека закрепнувањето од болеста Ковид-19 може да резултира со имунитет од повторна инфекција, што е знак дека развивањето на вакцини може да биде ефикасно.


Иако научниците шпекулираат дека антителата произведени од организми како одговор на коронавирус може да обезбедат заштита, досега има малку цврсти научни докази за поддршка на оваа теза.

Во една нова студија, истражувачите заразиле девет мајмуни со коронавирус. Откако се опоравиле од Ковид-19, истражувачите повторно ги изложиле мајмуните на вирусот и животните не се разболеле.

„Резултатите посочуваат дека мајмуните „развиле природен имунитет што ги штити од повторно изложување“, рече Др. Дан Баруш, истражувач во Центарот за вирусологија и истражување на вакцини во Медицинскиот центар Харвард Бет Израел во Бостон и чии студии биле објавени во списанието „Science“.

„Ова е многу добра вест“, рече Баруш.

Во одделна студија, Баруш и неговите колеги тестирале 25 мајмуни на кои им биле дадени шест прототип вакцини за да видат дали ќе бидат заштитени од антителата што се развиваат преку одговорот на организмот.

Мајмуните и десетте контролни животни биле изложени на вирусот SARS-CoV-2, по што се забележани високи концентрации на вирусот кај сите контролни животни, додека „значителни нивоа на заштита“ биле забележани кај вакцинирани мајмуни, рече Баруш.

Осум од десет вакцинирани мајмуни биле целосно заштитени.

Научниците сметаат дека овие резултати се охрабрувачки, иако сè уште не докажале дека луѓето можат да развијат имунитет и колку долго може да трае.

Слични содржини