Хрватски амбасадор: Верувам дека Иран е прататковината на Хрватите

од Nikola Popovski
355 прегледи

Хрватскиот амбасадор во Иран, Драго Штамбук изјавил дека е склон да верува дека хрватската античка татковина во античка Персија.

„Врз основа на голем број неодамна достапни извори и факти, јас сум склон да верувам дека хрватската прататковина била во античка Персија и се викала Харахвати ( на грчки Arachosia или Бела Индија)“, рекол Штамбук во интервју за весникот „ Вечерњи лист“.

Како што истакнал тој, денес во југозападниот дел на Авганистан, географски се опишани градот Кандахар, реката Хелманд и езерото Хамун, лоцирани на југоистокот на денешниот Иран.

Меѓу другото, Штамбук е доктор (специјалист за внатрешна медицина, гастроентеролог и хепатолог), поет, автор и основач и долгогодишен застапник на „Златната формула на хрватскиот јазик ча-кај-што“, која неодамна е прогласена за хрватско културно богатство и ставена е на заштитната листа на Националното нематеријално наследство.