
Вкупниот број на луѓе кои заразени од новиот коронавирус во светот надмина пет милиони. Според порталот на универзитетот „Џонс Хопкинс“, вкупно 5.000.038 луѓе се разболеле.
Бројот на опоравени се искачи на скоро два милиони. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус е 328.117.
Најголем број пациенти има во САД – 1.551.853. На второ место е Русија, каде што вкупниот број случаи на инфекција со вирусот е 308.705, а потоа следи Бразил со 291.579.
Во светот, коронавирусот беше победен од 2.001.365 луѓе, а овие охрабрувачки податоци беа објавени од веб-страницата Worldometar.
САД, кои имаат најголем број заразени, имаат и најмногу кои се опоравиле – скоро 362 илјади, а потоа следат Шпанија со 196.958, Германија со скоро 157 илјади, Италија со 132 илјади.
Досега починаа 328.119 лица. 45.769 пациенти се во критична состојба.