„Успешно извршена првата трансплантација на срце! Од истиот донатор на органи, во моментов се врши трансплантација на два бубрега! Еден човек, продолжил три туѓи животи! Најголема почит за него (неа) и семејството“, пишува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Најголема почит за нашите домашни лекари и медицински експерти. Историски успех на македонското здравство. Респект за тимот. И за Венко! Вистинско време да се размисли за суштински реформи во општеството.
Да ги вратиме вистинските вредности, вистинските луѓе, на вистинско место“, додава тој.