229
Забраната за движење денеска не се почитуваше на целата територија на Град Скопје.
Делови од градот беа живи и со луѓе по улици, а можеа да се видат отворени продавници, деца по улици и паркови, раздвижено и безгрижено во Скопје Север, Чаир, Топаана, пренесе „Телма“.
Во верските храмови пак мерките за заштита, како негрупирањето и носење маска речиси и да не се почитуваа.
По велигденската лажичка денеска за Св. Кирил и Методиј се бакнуваше крстот, во џамиите се влегуваше и без маска.
Фото: Принтскрин