
Во Шпанија бројот на смртни случаи и заболени од вирусот Ковид-19 е малку зголемен во однос на претходниот ден.
Според податоците на шпанското Министерство за здравство, во последните 24 часа починале 70 лица, а потврдени се 482 нови случаи, пренесува Ројтерс.
Така, вкупниот број на пациенти се зголеми на 235.772, а бројот на смртни случаи на 28.752.
Само еден ден порано, беа пријавени 48 нови смртни случаи и 466 новозаразени.