
Советникот на САД за национална безбедност Роберт О’Брајан верува дека Кина би можела да се обиде да ја украде вакцината за коронавирусот од Вашингтон.
Според него, најверојатно САД ќе бидат првите што ќе направат вакцина. Постојат информации дека Кина, наводно, е ангажирана во шпионажа и се обидува да најде „истражувачи и технологии“.
Во интервју за CBS, О’Брајан рече дека Кина има „големо искуство со кражба на американски тајни и интелектуална сопственост“.
После тоа, тој уште еднаш ја обвини Кина дека крие информации за короната.